Conversion Page

Често поставувани прашања


Често поставувани прашања - Се уште имате прашања? Тука може да најдете повеќе информации

Дали може да користам VoIP услуги преку мојот Lyca Mobile број?

Според нашите услови и одредби, Lyca Mobile има право да ограничи или оневозможи пристап до одредени веб страни и сервиси преку својата мрежа. Во моментов Lyca Mobile не дозволува користење на Lebara Talk преку својата интернет мрежа. Но, ова нема да Ве спречи да пристапите кон таквите сервиси преку која било WIFI конекција.

Зошто не можам да праќам/примам СМС пораки?

Најпрво проверете дали на Вашата сметка има доволно кредит за да испратите СМС порака.

Ако сèуште не можете да пратите/примите СМС порака, тогаш проверете дали бројот за Lyca Mobile Македонија, што се наоѓа во Message Center Number (MCN) во Вашите поставки, е +38979200111.

Ако видите различен број, тогаш внесете го бројот +38979200111, потоа исклучете го Вашиот мобилен телефон и повторно вклучете го и обидете се да пратите СМС порака.

Ако проблемот и понатаму постои, Ве молиме контактирајте ја службата за грижа на корисници.

Заборавен ПИН/ПУК код

Ако сте го активирале Вашиот СИМ ПИН код и при внесување на Вашиот Lyca Mobile го згрешите Вашиот ПИН код три пати, тогаш Вашата СИМ картичка автоматски ќе се заклучи. Во таков случај, внесете го Вашиот ПУК код.

Вашиот ПУК код може да го најдете на држачот на СИМ картичката, што доаѓа со основниот пакет. Ве молиме чувајте го на сигурно место.

Во спротивно, Ве молиме контактирајте го нашиот тим од Центарот за грижа за корисници на (079)1212 и тие ќе бидат среќни да Ви помогнат.

Мојот мобилен телефон е кодиран/заклучен

Ако Вашиот мобилен телефон е кодиран/заклучен на друга мрежа, кога ќе ја ставите Вашата Lyca Mobile картичка тој може да покаже една од следниве пораки: “Invalid SIM”, “SP lock” или “Blocked”. Отклучувањето/декодирањето на Вашиот мобилен телефон е лесно. Едноставно јавете се во нашиот Центар за грижа за корисници на (079)1212.

Каде може да купам Lyca Mobile СИМ картичка или да надополнам кредит?

Купувањето Lyca Mobile СИМ картичка или надополнувањето со ваучер е достапно на различни локации.

Што е "Мојот Lyca Mobile"?

Mojot Lyca Mobile е начин на електронско контролирање на Вашите повици и текстуални пораки. Придружете се на Мојот Lyca Mobile и добијте пристап до многу корисни алатки. Најавете се или регистрирајте се сега на Мојот Lyca Mobile

Каде може да го видам мојот Lyca Mobile број?

Откако ќе ја внесете Вашата Lyca Mobile СИМ картичка, Вашиот број може да го видите со повикување на *132#. Бројот, исто така, ќе биде достапен на СИМ пакетот.

Дали се наплаќа за воспоставување повик?

Да, надоместот за воспоставување повик чини 3,9 денари.

Дали постојат некои месечни или скриени трошоци?

Не, никогаш.

Зошто се појавува коверт, што трепка на мојот мобилен телефон?

Ковертот што трепка покажува дека Вашата меморија за СМС пораки е полна. Ова ќе Ве спречи да примате нови СМС пораки сè додека не избришете дел од старите пораки. Може да избришете дел од примените, испратените или нацрт пораките за да ослободите простор во меморијата. Бројот на пораки што може да ги сочувате зависи од моделот на Вашиот мобилен телефон.

Како може да стапам во контакт со Lyca Mobile?

За повеќе детали околу можностите како да нè контактирате, посетете го делот Контактирајте нè од нашата веб страница.

Како може да остварам меѓународен повик со Lyca Mobile?

При остварување меѓународни повици, Lyca Mobile функционира на истиот начин како и другите мобилни или фиксни телефони. Најпрво се впишува 00 (наместо 00 може да користите +), потоа впишете го кодот на областа/градот и на крајот внесете го телефонскиот број. Ве молиме имајте предвид дека голем дел од премиум гласовните и текстуални услуги во други држави не може да се пристапат од сервис што е надвор од таа држава.

Како може да испратам СМС порака од Македонија во друга држава со Lyca Mobile?

Lyca Mobile функционира на истиот начин како и другите мрежи кога станува збор за испраќање СМС пораки. Бројот на кој што треба да ја испратите пораката треба да почнува на 00 (наместо 00 може да користите +), потоа следува кодот на областа/државата каде се праќа пораката и на крајот се впишува телефонскиот број.

Какви мобилни телефони може да користам со Lyca Mobile?

Мобилниот телефон треба да биде компатибилен со меѓународно признаените GSM стандарди, усвоени од голем дел од производителите на мобилни телефони. Нема други ограничувања за типот на мобилен телефон што може да го користите со Lyca Mobile. Ако не сте сигурни во врска со Вашиот мобилен телефон, секогаш може да нè повикате на 079 1212.

Не го користев мојот Lyca Mobile број подолго време и престана да работи. Зошто се случува ова?

СИМ картичките, што не се користат за остварување повик или праќање СМС порака во период поголем од 210 дена, автоматски се деактивираат. За жал, овие СИМ картички не може да се реконектираат и телефонскиот број, исто така, станува недостапен за користење после овој период.

Мојата СИМ картичка е изгубена/украдена. Како да спречам некој друг да ја користи?

Ве молиме контактирајте го Центарот за грижа за корисници на 079 1212 најбргу што можете и некој од нашите советници ќе Ви помогне.

Дали може да праќам премиум СМС пораки и да остварувам премиум повици користејќи Lyca Mobile?

Не, ние не нудиме премиум СМС или премиум повици во рамки на нашите понуди.

Како да активирам роаминг со Lyca Mobile?

Роамингот се активира автоматски штом ќе ја напуштите државата. Ако не можете да го користите Вашиот телефон во странство, Ве молиме да го исклучите и повторно да го вклучите. Потоа Вашиот мобилен телефон ќе работи како и обично. Сепак, доколку проблемот и натаму е присутен, Ве молиме јавете се во нашиот Центар за грижа за корисници на +389 79 1212.

Како може да пристапам до мојата говорна пошта? Дали е бесплатно?

Вашата Lyca Mobile говорна пошта автоматски е активирана. За пристап до Вашата говорна пошта од Вашиот Lyca Mobile број во Македонија повикајте 1211. Повиците за пристап до говорната пошта се бесплатни.

Како да активирам автоматско надополнување?

Автоматското надополнување е најдобар начин секогаш да останете поврзани со Вашите пријатели и семејството. Најпрво, потребно е да се најавите на Мојот Лајкамобил За надополнување користете ја Вашата дебитна или кредитна картичка. При плаќањето, Ве молиме изберете ја услугата “Автоматско надополнување” и одберете го минималното ниво на кредит кога би сакале Вашата сметка автоматски да се надополнува. Може да одберете кредит за автоматско надополнување од 100МКД, 200МКД или 300МКД. Кога Вашиот кредит ќе падне под одбраното минимално ниво, Вашата телефонска сметка автоматски ќе се надополни.

Услуги на Lyca Групацијата