Conversion Page

Заштита на приватност

1. Добредојдовте во Политиката за приватност

Во Друштвото за телекомуникации Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје, (“Лајкамобајл”), ние се грижиме за вашите Лични Податоци. Ние се придржуваме строго кон барањата од Законот за Заштита на Личните Податоци 2005 (“Актот”) и други прописи кои регулираат приватност на податоците.

За целите на Актот, контролор на податоците е Друштво за телекомуникации Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје (ЕМБС 7109377) со регистрирано седиште на бул. Кузман Јосифовски Питу Скопје бр. 15, Република Северна Македонија.

За целите на Актот, контролор на податоците е Друштво за телекомуникации Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје (ЕМБС 7109377) со регистрирано седиште на бул. Кузман Јосифовски Питу Скопје, Република Северна Македонија.

2. ИНФОРМАЦИИ КОИ МОЖЕ ДА ГИ СОБИРАМЕ ОД ВАС

Можно е да ги побараме и процесираме следните Ваши Лични Податоци:

  • Име, адреса, дата на раѓање, број на мобилен телефон, податоци за повици вклучувајќи интернет сообраќај и локациски податоци, податоци за надополнување, детали за кредитни и дебитни картички, платежна евиденција и снимки од говорна пошта.
  • Ако го контактирате нашиот Оддел за услуги за корисници, можно е да ја снимиме таа кореспонденција вклучувајќи и копии од е-маил пораки како и Вашата е-маил адреса. Можно е и да надгледуваме или снимаме и телефонските повици направени кон нашиот оддел за услуги за корисници заради проверка на квалитет.
  • Информациите кои Вие ги давате при пополнувањето на формулари на нашата веб страна www.lycamobile.mk. Ова вклучува информации кои се даваат при регистрирањето на нашата веб страна, претплатувањето за нашите производи и услуги, постирањето материјали или барање дополнителни производи и услуги. Исто така може да побараме информации кога пријавувате проблем со нашата веб страна или телефонските услуги и производи.
  • Детали за вашата посета на нашата веб страна кои вклучуваат но не се ограничуваат на веблогови и други комуникациски податоци, без разлика дали истото се бара за наши наплатни цели или нешто друго и местата до кои пристапувате.
  • Исто така можно е да Ви побараме да пополнете истражувања кои ги користиме за истражување на пазарот, иако не мора да одговорите на истите.
  • Други податоци одвреме-навреме, кои би ни помогнале да Ви обезбедиме подобрени производи и услуги. На пример, би побарале од Вас да пополнете прашалник само за да ни дадете до знаење како сте задоволни од нашите услуги.
  • Може да ги дополнеме информациите кои ни ги давате со информации кои ги примаме од трета страна, на пример од други членови на Вашето домаќинство.
3. IP адреси и колачиња

Може да побараме информации за Вашиот компјутер, вклучувајќи ја и, кога е можно, АЈ-ПИ адресата, оперативниот систем и тип на пребарувачот, за системска администрација и за пријавување на вкупните информации за нашите рекламатори. Ова се статистички податоци за постапките на пребарување на корисникот и не го идентификуваат индивидуалецот.

Од истата причина, може да добиеме информации за вашата општа употреба на интернет, со користење на куки податок (cookie) кој се меморира на вашиот компјутерски хард диск. Тоа помага при подобрувањето на веб страната и обезбедувањето подобра и полична услуга. Кукис (cookies) овозможуваат:

  • Складирање информации за вашите преференци, со што би ја подобриле нашата веб страна согласно Вашите индивидуални интереси.
  • Забрзување на Вашето пребарување.
  • Препознавање при Вашето повторно враќање на нашата веб страна.

Можете да одбиете да прифатите Кукис (cookies) со тоа што ќе активирате подесување на Вашиот пребарувач кој ја овозможува таа опција. Сепак, доколку ја изберете оваа опција, можеби нема да можете да пристапите до одделни делови од нашата веб страна. Освен ако не сте го приспособиле Вашиот пребарувач да одбива Кукис, нашиот систем ќе ги активира кога ќе се логирате на нашата веб страна.

Имајте во предвид дека нашите рекламатори можно е да ги користат Кукис, врз кои немаме контрола.

4. КАДЕ ГИ СКЛАДИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Секоја информација која ни е пратена е енкриптирана (измешана) и содржи безбедносна технологија (Secure Socket Layer – SSL). Ова е стандардна индустриска технологија за енкриптирање која ги заштитува личните податоци од злоупотреба од трети страни, додека се праќаат преку Интернет. Кога ќе стигне до нас, ние понатаму ја складираме на безбеден сервер каде е достапна за читање само од овластен персонал. Иако се трудиме да креираме безбедна околина за Вашите лични податоци, Лајкамобајл не може да ја гарантира безбедноста на личните податоци кои ги давате на Лајкамобајл онлајн.

Вашите лични податоци кои ги складираме од Вас, може да се пренесат и да се складираат внатре или надвор од Европската економска област (ЕЕО). Може да се процесираат од персонал кој работи внатре или надвор од ЕЕО и кој работи за нас или за некој од нашите добавувачи. Тој персонал може да вклучен во, меѓу другото, исполнување на Вашата нарачка, процесирањето на детали околу исплатата и провизијата за услугите на поддршка. На пример, Лајкамобајл користи кол центар и технички услуги од поврзани компании во Индија.

Онаму каде законот за заштита на податоци на овие земји не обезбедува исто ниво на заштита како во Република Македонија, ќе преземеме мерки за да се осигураме дека Вашите лични податоци се заштитени согласно барањата од законите во Република Македонија, вклучувајќи и соодветни безбедносни мерки од трети страни за заштита на личните податоци. Исто така ќе го надгледуваме и согласувањето со таквите безбедносни мерки за целиот период на нашето партнерство со трети страни.

Во случај да сме Ви дале (или вие сте избрале) лозинка која Ви овозможува пристап до одделни делови на нашата веб страна, одговорни сте да ја чувате. вВе замолуваме да не ја споделувате со други лица.

5. УПОТРЕБА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци ги користиме на следниот начин:

  • Обезбедувајќи производи и услуги за Вас,
  • Администрација на Вашата сметка од страна на Одделот за услуги за корисници,
  • Ве обезбедуваме со информации за услуги, на пример Мрежни грешки,
  • Превенција или откривање на измама,
  • Истражување на пазарот и правење профил на Вашите преференци за користење и купување, и
  • Соодветствување со применливите закони и регулативи.

Лајкамобајл и другите Лајка компании може исто така да ги користат Вашите лични податоци за да Ве контактираат по пошта, телефон, е-маил или СМС за да Ве известат за производите и услугите кои Лајкамобајл или другите компании од Лајка групацијата ги користат, вклучувајќи и посебни понуди и промоции, кои би можеле да Ве интересираат. Доколку немате желба да ги добивате информациите или да бидете исконтактирани на овој начин, можете во секое време, бесплатно да се повлечете, со тоа што ќе побарате да бидете тргнати од листата на назначени. Може да го направите тоа барање контактирајќи го Одделот за услуги за корисници или пак со е-маил на unsubscribe@lycamobile.mk

На нашите рекламатори не им ги обелоденуваме информациите за индивидуалци, но можно е да им обезбедиме одредени информации за нашите корисници (на пример, може да ги информираме дека 500 мажи на возраст под 30 години кликнале на нивниот оглас во било кој ден). Исто така може да ги искористиме истите информации за да им помогнеме на рекламаторите да ја достигнат целната публика (на пример, жени во област SW1). Можно е да ги искористиме личните податоци што сме ги добиле од Вас, за да овозможиме согласност со желбите на рекламаторите со тоа што ќе ги објавиме нивните огласи до таа целна публика. Може да ги обелодениме Вашите личните податоци на било кој член од компаниите во групацијата, со цел за некоја од наведените употреби погоре.

Исто така постои можност од обелоденување на Вашите лични податоци на трети страни кои се поврзани со промена на контролата или инвестицијата во Лајкамобајл е или доколку сме oбврзани да ги обелодениме или споделиме Вашите лични податоци со цел да се усогласиме со правните обврски или да ги заштитиме правата, сопственоста или безбедноста на Лајкамобајл, нашите клиенти или други. Ова вклучува размена на информации со други компании и организации со цел за заштита од измама и намалување на кредитниот ризик.

6. ВАШИТЕ ПРАВА

Имате право да побарате од нас да не ги процесираме личните податоци за цели на пазарот. Вообичаено, ќе Ве информираме (Пред да ги побараме Вашите податоци) доколку имаме намера да ги користиме истите за такви цели или доколку имаме намера да ги обелодениме истите на некоја маркетинг компанија. Може да го искористите Вашето право да го спречите ова процесирање со тоа што ќе штиклирате одредени полиња на формуларите кои ги користиме за добивање на Вашите податоци во време на собирањето на податоците, или може да го искористите правото да се повлечете во било кое време, контактирајќи го Одделот за услуги за корисници на адресата дадена подолу.

Нашата веб страна може одвреме-навреме да содржи линкови до и од веб страните на нашите партнерски компании. Доколку следите некој линк за било која од веб страните, ве молиме имајте предвид дека истите имаат свои лични правила за приватност и не сме одговорни ниту подлежиме на тие правила.

7. ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

Можете слободно да побарате информации кои ги имаме за Вас, во секое време. Доколку некои од деталите не се точни, известете не и ќе ги измениме веднаш. Доколку сакате да Ви доставиме некаква информација, може писмено да го контактирате Одделот за услуги за корисници на наведената адреса.

8. ПРОМЕНИ НА НАШАТА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Било какви промени кои би ги направиле во нашата политика за приватност, ќе бидат изложени на оваа страна.

9. ЛИНКОВИ ОД НАШАТА ВЕБ СТРАНА ДО ДРУГИ ВЕБ СТРАНИ

Имајте предвид дека нашата веб страна овозможува пристап до други веб страни со кликање на линковите. Ние одговараме само за приватноста, содржината и безбедноста на веб страната на Лајкамобајл.

10. КАКО ДА НЕ КОНТАКТИРАТЕ

Доколку имате било какви коментари или барања кои се однесуваат на нашата веб страна, ве молиме контактирајте не. За барања кои се однесуваат на производите или услугите на Лајкамобајл, јавете се во Одделот за услуги за корисници на 1212 ] од било кој Лајкамобајл број или на 0790 1212 од друг телефон. Исто така може да пратите е-маил и до Одделот за услуги за корисници на cs@lycamobile.mk или со пополнување на онлајн барањето на https://www.lycamobile.mk/mk/help/contact-us/ Доколку имате дополнителни прашања околу нашето користење на Вашите лични податоци, обратете се на наведената адреса: Оддел за услуги за корисници

Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје Бул.Кузман Јосифовски Питу бр.15, 1000 Скопје, Република Македонија

Услуги на Lyca Групацијата