Како се користи


Користењето на Lycamobile е едноставно. Само кликнете за повеќе информации.

Почеток

Можете да почнете со користење на мобилните услуги на Lycamobile следејќи ги овие лесни чекори:
Вметнете ја Вашата Lycamobile СИМ картичка во мобилниот телефон и вклучете го
За да ја активирате Вашата Lycamobile СИМ картичка регистрирајте ја на www.lycamobile.mk, или преку СМС, или во самото продажно место и уживајте во дополнителните привилегии
Надополнете кредит.
Сега можете да праќате и примате национални и интернационални СМС пораки и повици, додека за да користите Интернет потребно е да ги имате внесено ИНТЕРНЕТ поставките во Вашиот мобилен телефон
.Помош
Ако Вашата Lycamobile СИМ картичка не работи при првото вметнување во мобилниот телефон, можеби телефонот има СИМ-блокада. Ве молиме директно контактирајте го вашиот постоечки мобилен оператор за да го побарате кодот со кој ќе можете да го одблокирате телефонот за користење на Lycamobile СИМ картичката.
Доколку го имате вашиот уред помалку од една година, обратете се кај Вашиот доставувач со цел да дознаете колку би ве чинело да се отстрани СИМ-блокадата.

Надополнете кредит

Можете да надополните кредит онлајн преку www.lycamobile.mk, да купите хартиен ваучер или да направите електронска надополна кај локален продавач. Ваучерот содржи ПИН кој е испечатен на него и се наоѓа под заштитен слој за гребење, па за да надополните:

Внесете *122#

и пртиснете зелена слушалка, или.
Повикајте 1222 од Вашиот Lycamobile број и следете ги упатствата.
Надополнувањето онлајн е најдобриот начин за надополнување на вашиот Лајкамобајл број.
Најавете се на услугата Мој Lycamobile за пристап на Вашиот кориснички профил/сметка
Надополнете кредит моментално онлајн, користејќи дебитна или кредитна картичка
За да наполните кредит додека сте во странство:
Повикајте +389 79 1222 и следете

Проверка на состојба

За проверка на состојбата на кредитот за користење услуги, направете го следново:

Повикајте *122# и притиснете зелена слушалка за Вашата состојба да се прикаже на екранот или
Повикајте 1222 и слушнете ја состојбата на сметката или
Повикајте +389 79 1222 за да ја проверите состојбата додека сте во странство

Користење на говорната пошта

Услугата говорна пошта на Lycamobile е автоматски активирана и можете:

Да снимите персонализирана порака за добредојде.
Да го изберете саканиот јазик
За да пристапите на вашата говорна пошта од вашиот Lycamobile број
Повикајте 1211 од државата или +389 79 1211 од странство и следете ги упатствата
За да ја деактивирате услугата говорна пошта, внесете *186# и притиснете зелена слушалка и потврдете со 1 и ОК

Одберете го Вашиот сопствен јазик

Можете да го одберете јазикот кој ќе се користи за говорната пошта и услугата за надополнување. За да го одберете јазикот повикајте:

Повикајте 1222 и изберете го менито „Поставки“
Изберете ја опцијата „Промени јазик“
Изберете го саканиот јазик

Пренесете го Вашиот постоечки број во мрежата на Lycamobile

За пренос на Вашиот постоечки мобилен број во Lycamobile, поднесете барање за пренесување број во најблиското Lycamobile продажно место или посетете www.lycamobile.mk.

Проверете го својот Lycamobile број

Вашиот Lycamobile број може да го проверите на својот екран. За да се покаже бројот, повикајте *132#

Роаминг - користење на Lycamobile во странство

Вашиот Lycamobile број може да го користите за појдовни и дојдовни повици и да испраќате или добивате СМС пораки, како и интернет во голем број други земји. Повеќе информации за државите, каде може да испраќате и примате повици и СМС пораки, да користите интернет, како и за актуелните цени на услугите, може да најдете во делот роаминг цени на оваа веб страна.

Контактирање сo Центарот за грижа за корисници на Lycamobile

Lycamobile има повеќејазичен тим во Центарот за грижа за корисници кој работи од 09:00 до 18:00, од понеделник до сабота.
За да стапите во контакт со Центарот за грижа за корисници:

Повикајте 1212 од вашиот Lycamobile број
Повикајте 079 1212 од други мрежи
Повикајте +389 79 1212 од странство
Испратете електронска пошта на cs@lycamobile.mk.
Посетете ја нашата веб страна www.lycamobile.mk.
Посетете ги нашите профили на социјалните мрежи

Услуги на Lyca Групацијата

Достапно во

Е-адреса* Најава За да добиете важни информации, специјални понуди и повеќе