Доколку сте нов Lyca припејд корисник, автоматски ќе ја добиете стандардната тарифна опција. Надополнете ја вашата сметка со најмалку 100 денари кредит, за да ја изберете поекономичната Lyca Plus тарифа за 30 денови.
Изберете ја земјата што сакате да ја повикате од земјата на роаминг
Ве молиме изберете ја земјата што сакате да ја повикате
Услови за користење
Со воведената регулатива за роаминг во земјите од Западен Балкан, од 1.7.2021 година, корисниците на мобилни услуги на Lycamobile ќе можат да користат роаминг под посебни повластени услови, во согласност со спогодбата потпишана помеѓу земјите од Западен Балкан – WB6. Притоа, Lycamobile на своите корисници целосно им ги овозможува договорените услови за користење роаминг во земјите од Западен Балкан – Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Оваа роаминг понуда важи за повици, SMS-пораки и интернет, само кога корисникот престојува во некоја од земјите од Западен Балкан. Доколку пак, корисникот се наоѓа во Македонија и прави повик или праќа SMS-порака кон број од земјите од Западен Балкан, за истите важат цените за меѓународни повици/SMS.
Вклучените национални минути и SMS-пораки (во рамките на својата мрежа и кон другите национални мрежи), кои се вклучени во тарифата или во дополнителните пакети, постпејд корисниците можат да ги користат во роаминг во земјите од Западен Балкан, исто како да се наоѓаат на територијата на Македонија.
Количината на мобилен интернет што им е на располагање на корисниците во земјите од Западен Балкан, зависи од месечната претплата на тарифниот модел и пакетот што го користат.
Интернет во роаминг во земјите од Западен Балкан – вклучен во тарифите
Интернет во роаминг во земјите од Западен Балкан – вклучен во пакетите
Цени за разговори, SMS-пораки и мобилен интернет во роаминг во земјите од Западен Балкан:
Појдовен повик (ден./мин.) 5.9 ден.
Мобилен интернет (ден./MB) 5.9 ден.
SMS-пораки (ден./SMS) 3.9 ден.
Воспоставување повик не се наплатува.
Дојдовен повик не се наплатува.
Rates and use of the Lyca Mobile Services are further subject to the Terms and Conditions