Conversion Page

Услови за користење

Општи услови за користење на веб страницата на компанијата за телекомуникациски Услуги Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје (“Лајкамобајл”):

Овие општи услови се однесуваат на правата и обврските на Лајкамобајл и нејзинитеКлиенти/Корисници во однос на испораката, квалитетот и користењето на Производите и Услугите. Лајкамобајл ќе нуди само при-пејд Услуги на Македонскиот телекомуникациски пазар и нема да нуди постпејд планови.
1. ДЕФИНИЦИИ

1.1 Прифатлива политика на користење: Се однесува на политиката за користење на Производите и Услугите од страна на Клиентот/Корисникот без разлика на тоа дали истата се бара од Лајкамобајл или од страна на телекомуникацискиот оператор на било која ММрежа којашто овозможува пристап до Услугите. Политиката на користење е опишана во клаузулата 5 дадена подолу.

1.2 Сметка: Се однесува на мобилната телефонска сметка регистрирана или активирана од страна на Клиентот/Корисникот којашто Лајкамобајл ја користи за да обезбеди Производи и Услуги за Клиентот/Корисникот и за да може да ги контролира Личните Податоци на Клиентот/Корисникот.

1.3 Договор: Се однесува на Овие општи услови, Упатството коешто доаѓа со СИМ картичката, и Ценовникот којшто се објавуваат од време на време од страна на Лајкамобајл, вклучувајќи било кој вид на специјални понуди. Договор се смета за склучен помеѓу Клиент/Корисник и Лајкамобајл во моментот кога Корисникот/Клиентот ќе активира или отвори сметка, ги користи нашите Top Up Услуги или нашите Услуги, без оглед на тоа кои Услуги ќе се појават како први, и ние ќе обезбедиме пристап до Мрежата што е можно побрзо за да може да се отпочне со давање на Услугите.

1.4 Ценовник: Се однесува на цените коишто се применуваат од време на време за користењето на Услугите, вклучувајќи ги трошоците за приклучување како и трошоците за специјални понуди. Постоечкитеценовници се достапни на веб страницата: http://www.lycamobile.mk.

1.5 Клиент/Корисник: Се однесува на било кој поединец, компанија, или партнерство којшто/којашто/коешто ќе отвори или активира Сметка кај Лајкамобајл. Во овие општи услови ии одредби, Клиентот/Корисникот се именува како “Вие” или “Вас”.

1.6 Центар за грижа на Корисници: Се однеесува на Центарот на Лајкамобајл којшто можете да го контактирате за било какви прашања во врска со Производите или Услугите. Можете да стапите во контакт со Центарот за грижа на Корисници на повеќе начини:
dial 1212 from a Лајкамобајл Account
dial 0790 1212 from any other telephone or from abroad
visit the website of Лајкамобајл at http://www.lycamobile.mk.

e-mail the Customer Services Department at cs@lycamobile.mk

1.7 Лајкамобајл: Друштво за телекомуникации ЛАЈКАМОБАЈЛ ДООЕЛ Скопје (со ЕМБС 7109377) со регистрирано седиште на Бул.Кузман Јосифовски Питу бр.15, 1000 Скопје, Република Македонија.

1.8 Мрежа: Се однесува на телекомуникациските мрежи кои се користат од страна на Лајкамобајл за да ги обезбеди Услугите за Вас

1.9 Лични податоци: Се однесува на личните податоци коишто Вие ги обезбедувате за Лајкамобајл или коишто Лајкамобајл ги собира, користи, обработува и чува за Вас додека ги обезбедува Услугите,вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на вашето име, адреса, датум на раѓање, мобилниот телефонски број, податоци за повиците вклучувајќи ги податоците за сообраќај, локација и Top Up Услугите, (Traffic Data Location Data, top-up ) детали за кредитната картичка или дебитната картичка, податоци за фактурирањето, податоци за говорната пошта, копии на e-mail адресата, како и податоци за барањата поднесени од Ваша страна до Центарот за грижа за Корисници.

1.10 Политика на заштита на Лични податоци: Политиката за Приватност која го опишува начинот на кој Лајкамобајл ги собира, користи, обработува и чува вашите Лични податоци. Постоечката Политика за Приватност е достапна на: http://www.lycamobile.mk.

1.11 Производи: The Лајкамобајл СИМ картичката и Лајкамобајл Top-Up Ваучерот и било кои други производи понудени од Лајкамобајл, вклучувајќи ги промотивните производи.

1.12 Роаминг Услуги: Користење нa мобилните телефонски Услуги кога патувате надвор од Република Македонија.

1.13 Услуги: Мобилните телефонски Услуги коишто Ви ги обезбедува Лајкамобајл, вклучувајќи ги говорните повици, пораките и податочните Услуги, говорната пошта, Приказ за утврдување на повикувачкиот број/линија (calling line identification presentation CLIP), ограничување на опцијата за утврдување на повикувачкиот број/линија (calling line identification restriction CLIR), Top-Up Услуги, Роаминг Услуги, бесплатни итни повици и Услуги обезбедени од Центарот за Грижа на Корисници.

1.14 СИМ Картичка: Припејд, картичка со микропроцесор којашто Ви овозможува пристап и користење на Услугите со ставање на СИМ картичката во компатибилен GSM мобилен телефон.

1.15 Top-Up Услуги: Услуги коишто можете да ги користите за да надоплоните кредит на Вашата сметка, вклучувајќи ги Top-Up Ваучерот, Online Top-Up and Auto Top-Up.

1.16 Top-Up Ваучер: Мултифункционален ваучер (во принтана или во електронска форма) со шифра од 11 бројки којашто Ви овозможува пристап и користење на Услугите надокнадувајќи ја номиналната вредност на ваучерот.

2. ОБВРСКИ ЗА ОБЕЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИ

2.1 Лајкамобајл ќе Ви ги обезбеди Услугите преку своја сопствена Мрежа или преку Мрежите на еден или повеќе телекомуникациски оператори. Лајкамобајл ќе ги обезбедува Услугите со ниво на квалитет пропишан со Законот за Електронски Комуникации и други релевантни прописи. Постои можност повремено било која од овие мрежи да биде недостапна за одржување, модификации, надоградба, итни случаи или да не може да се спроведе заштита и обезбедување на Мрежата. Во вакви случаи Услугите можат да бидат привремено недостапни.

2.2 Мобилната телефонија претставува форма на бежична комуникација и функционира врз основа на пренесување на радио и сигнална фреквенција. Преносот на овие радио и сигнални фреквенции може да биде попречен од преоптоварување на Мрежата поради бројот на повици или пораки, или поради обемот на испратени и примени податоци.

2.3 Преносот на радио и сигнални фреквенции може да биде попречен од локацијата на базните станици, пречки од типот на згради и подземни премини, како и од надворешни фактори како што се географски или атмосферски влијанија. Услугите исто така можат да бидат попречени од квалитетот на GSM мобилниот телефон одбран и користен од Вас.

2.4 Роаминг Услугите се подредени во согласност со договорите за роаминг и степенот на квалитет на Услуги коишто се усогласуваат помеѓу други национални и интернационални телекомуникациски оператори. Лајкамобајл нема контрола врз договорите ниту врз степенот на квалитет на Услуги востановени помеѓу овие телекомуникациски оператори.

2.5 Поради погоре опишаните причини, Лајкамобајл не гарантира дека Услугите ќе се одвиваат непречено или без грешки (во однос на достапноста, квалитетот или покриеноста на Мрежата) на сите локации во секое време, ниту дека Услугите ќе одговараат на Вашите специфични барања, ниту пак дека Услугите целосно ќе бидат заштитени против неовластено прислушкување.

2.6 Лајкамобајл ќе настојува да го одржи нарушувањето од било кој вид на минимум; сепак Лајкамобајл нема да превземе одговорност за било кој вид на губиток, штета, или неудобност предизвикана од Вас како резултат на прекин на Услугите од причини претходно опишани погоре.

2.7 Во прилог на СИМ картичката добивате ПИН код (personal identification number) и ПУК код (personal unlocking key). ПИН и ПУК кодовите никогаш не смеат да се чуваат заедно на исто место. Вие ќе ги превземете сите мерки на претпазливост за да ја сочувате тајноста на Вашите ПИН and ПУК кодови. Вие ќе се сметате за одговорни за било каква неовластено или несоодветно користење на Вашата СИМ картичка или сметка што произлегува од намерно или ненамерно откривање на Вашиот ПИН или ПУК код како и од предавањето на Вашата СИМ картичка на друго лице.

2.8 Нашиот Центар за Грижа на Корисници може да обезбеди детали од другите мобилни оператори со коишто имаме склучено спогодба за адаптација од време на време.

2.9 Потрошувачите имаат право да одредат дали, и до кој степен нивните податоци (име, телефонски број и адреса) ќе бидат достапни во јавно достапниот телефонски именик во пишана или електронска форма, во согласност со законот.

3. СИМ Картичка

3.1 T СИМ картичката се става во компатибилен GSM мобилен телефон. Откако СИМ картичката ќе биде ставена и кога вие ќе ја активирате, ќе добиете пристап до, и ќе можете да ги користите Услугите.

3.2 СИМ картичката останува во ексклузивна сопственост на Лајкамобајл. Вие мора да ја сочувате СИМ картичката и не смеете да ја изгубите или оштетите истата. Лајкамобајл ќе Ви ја замени СИМ картичката само доколку се докаже дека се работи за фабричка грешка или погрешен дизајн. Лајкамобајл може да ви наплати за замена на СИМ картичката доколку Лајкамобајл разумно верува дека Вие сте одговорни за загубата или оштетувањето на оригиналната СИМ картичка или доколку некој Ви ја украл автентичната СИМ картичка. Вие сте одговорни веднаш да ги информирате во Лајкамобајл за губење, оштетување или кражба на вашата СИМ картичка, или за било кој вид на неовластено или незаконско користење на СИМ картичката. Вие ја давате Вашата согласност дека во моментот кога ќе започнете да ги користите Услугите или Top Up Услугите, Вие ќе го загубите правото на раскинување на овој Договор во согласност со законот за продажба на далечина.

3.3 Доколку не ја искористите СИМ картичката за остварување на повици, или за испраќање на пораки или податоци, или доколку не ја купите top-up од Top-Up Услугите, во рок од 180 дена, од денот на активирање на вашата картичка. или од денот кога за последен пат сте искористиле некоја од Услугите (без разлика која услуга била последна), Лајкамобајл ќе Ве исконтактира по пат на СМС порака или по електронска пошта и ќе добиете известување дека Вашата СИМ картичка ќе биде деактивирана. Лајкамобајл потоа ќе Ви овозможи дополнителни 30 дена за остварување на повици, испраќање на пораки или податоци, или купување на top-up користејќи ги Top-Up Услугите.

3.4 Доколку остварите повик, испратите пораки или податоци, или купите top-up користејќи ги Top-Up Услугите во дополнително определениот рок од 30 дена, вашата СИМ картичка ќе остане активна. Било кој преостанат кредит на вашата СИМ картичка ќе Ви остане достапен за користење, и Вие ќе имате пристап до, и ќе можете да ги користите Услугите.

3.5 Доколку не остварите повик, не испратите пораки или податоци, или не купите top-up користејќи ги Top-Up Услугите во дополнително определениот рок од 30 дена, вашата СИМ картичка ќе биде деактивирана. Доколку СИМ картичката се деактивира, вашиоттелефонски број ќе биде предаден на друг Корисник/Клиент, и Вие ќе немате пристап ниту можност да ги користите Услугите, и нема да имате право на рефундирање на преотанатиот кредит од картичката.

4. ТОП-ПОД УСЛУГИ

4.1 Станува збор за припејд Услуги. Вие треба однапред да ја надополните вашата сметка за да имате кредит. Со оглед на тоа дека Трошоците се направени, истите ќе бидат извлечени од сумата за ставање на кредит на вашата сметка. Нема да Ви биде издадена фактура, сметка или извод. Од време на време можете да ја проверувате состојбата со вашиот кредит повикувајќи го Центарот за Грижа на корисници,

4.2 Вие плаќате за Услугите со надоплнување на вашата сметка користејќи било која од Top-Up Услугите достапни од страна на Лајкамобајл. Вие можете да ги користите Top-Up Услугите во секое време откако ќе се активира вашата сметка. Постојат неколку начини за надоплнување на вашата сметка:
Можете да купите Top-Up Ваучер во било кое од малопродажните места и да го активирате ПИН кодот следејќи ги инструкциите дадени на Top-Up ваучерот. Исто така можете да го активирате ПИН кодот за Top-Up Ваучер купен во малопродажно место користејќи ги Онлајн Top-Up Услугите.
Вие можете да ги регистрирате вашите детални податоци во Лајкамобајл, да купите Top-Up Ваучер онлајн и да го активирате ПИН кодот користејќи ја Онлајн Top-Up Услугата.
Вие можете да ги регистрирате вашите детални податоци во Лајкамобајл и да се претплатите на “My Lycamobile” и автоматската Top-Up Услуга
Вие можете да ги регистрирате вашите детални податоци во Лајкамобајл и потоа да го контактирате центарот за грижа на корисници.

4.3 Доколку ја надополните вашата сметка во рок од 90 дена, од денот на активирање на истата. или од денот кога за последен пат сте искористиле некоја од Услугите (без разлика која услуга била последна), сумата за надополнетиот кредит што сте ја купиле ќе ви биде дополнета на преостанатиот кредит на вашата сметка во периодот кога ќе извршите надополнување.

4.4 Преостанатиот кредит на вашата сметка може да биде искористен само за Услугите. Вие немате право на рефундирање на паричните средства за било кој преостанат кредит на вашата сметка, дури и во случај на неискористување на Услугите и деактивирање на СИМ картичката како и во случај на раскинување на Договорот.

4.5 Камата не се пресметува за ниту еден преостанат кредит на вашата сметка. Со секое користење на Услугите (или во случај кога друг субјект го користи вашиот GSM мобилен телефон) преостанатиот кредит на вашата сметка ќе се намали поради остварениот повик, испратената порака или податоци во зависност од дестинацијата и постоечкиот Ценовник.

4.6 Секој нов надополнет кредит ќе престане да важи по истекот на 90 дена од денот на последното надополнување.

4.7 Секој повик се наплатува со заокружување на ДДВ до 3 децимални места. Збирот на сите повици се собира и потоа се заокружува користејќи ги стандардизираните правила за заокружување на износот (доколку последната бројка е 4 или со пониска вредност, ќе се заокружи на пониската вредност најблиска до целиот број, во спротивно износот се заокружува). Онаму кадешто може да се примени, ДДВ (по актуелната стапка) се додава на вкупниот износ од вашата сметка, на тој начин што ДДВ се заокружува до најблискиот денар.

4.8 Стандардна текстуална порака се состои од 160 карактери. Можете да испратите и подолги пораки од некои мобилни уреди. Подолгата текстуална порака се дели на определен број текстуални пораки потребен за да се испрати пораката. Секоја текстуална порака ќе се наплаќа по актуелната стапка и план за наплата. Ние не гарантирамеза испораката на текстуалните пораки или ММС пораките испратени од ваша страна.

5. ПРИФАТЛИВА ПОЛИТИКА НА КОРИСТЕЊЕ

5.1 Вие се согласувате дека ќе ја користите СИМ картичката во соодветен GSM мобилен телефон за да можете да ги користите Услугите.

5.2 Вие се согласувате дека ќе ја користите СИМ картичката или Услугите и дека нема да дозволите друг субјект да ја користи вашата СИМ картичка или Услугите:
неовластено или со цел извршување на криминален престап;
за спроведување на непредвидлива комуникација или складирање и/или пренесување на информации со навредлива, погрдна, непристојна, клеветничка, безобразна или заканувачка содржина, непријатност или измама, или кршење на правото на приватност, повреда на авторските права, или за други незаконски акти,
свесно и со намера да предизвика непријатност, нелагодноост или безпотребно вознемирување на друг субјект,
за остварување на навредливи, погрдни, непристојни, клеветнички, безобразни или заканувачки повици упатени кон претставник од Центарот за грижа на корисници,
за пренесување на вируси или други злонамерни софтвери, користење на Услугите на начин којшто ја нарушува оперативноста или безбедноста на Мрежата или може да предизвика целосно уништување и оштетување со користење на опрема којашто не е одобрена за применување кај овој вид на Мрежа, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се само на СИМ кутиите и СИМ усмерувачите, како и за поддршка на повици за повикување на проследувачки Услуги, дојдовни повикувачки Услуги или повици упатени кон телефонски броеви преку кои се плаќа одредена сума на приходи или се препродаваат на други или ги злоупотребуваат нашите Услуги во комерцијални цели спротивно на условите уредени со овој Договор.

5.3 Доколку постои разумно сомневање од страна на Лајкамобајл дека Корисникот/Клиентото не ги испочитувал обврските предвидени со одредбите во клаузулата 5.2, Лајкамобајл има право привремено или трајно, да го ограничи вашиот пристап до Услугите и/или да го раскине Договорот без претходно известување и со моментално стапување на сила. Доколку Лајкамобајл го раскине Договорот од овие причини, вашата СИМ картичка ќе биде деактивирана. Доколку СИМ картичката се деактивира, вашиот телефонски број ќе биде доделен на друг Корисник/Клиент и ќе изгубите пристап до Услугите, и ќе немате право на рефундирање на средствата искористени за дополнување на кредит на вашата Сметка.

5.4 Со активирање на СИМ картичката, купувањето на Top-Up Ваучерот, или употребата на Top-Up Услугите, можеби ќе биде потребно да се регистрирате во Лајкамобајл со внесување на вашите Лични податоци, како што е вашето име, адреса, датум на раѓање, матичен број како и податоци за кредитната картичка или дебитната картичка. Доколку Лајкамобајл утврди дека Вие сте поднеле лажни податоци, има право привремено или трајно, да ви го ограничи пристапот до Услугите и/или да го раскине Договорот без претходно известување и со моментално стапување на сила. Доколку Лајкамобајл го раскине Договорот поради овие причини, вашата СИМ картичка ќе биде деактивирана. Доколку СИМ картичката се деактивира, вашиот телефонски број ќе биде доделен на друг Корисник/Клиент и Вие ќе изгубите пристап до Услугите, и ќе немате право на рефундирање на средствата искористени за дополнување на кредит на вашата Сметка.

5.5 Доколку услугата којашто вклучува користење на пакет или неограничен број на повици или текстуални пораки го надмине разумно очекуваниот број на повици и пораки остварени од страна на субјектот во свои лични цели, ние го задржуваме правото: да го ограничиме пристапот до Услугата
да извршиме наплата применувајќи ја стандардната стапка за сите повици или пораки кои го надминале разумно очекуваниот број на остварени повици и пораки од страна на субјектот во свои лични цели

5.6 Лајкамобајл го задржува правото, во потполна дискреција, (и без претходно известување), да го ограничи или укине пристапот до одредени веб страници и Услуги преку својата Мрежа, вклучувајќи ги и Услугите за пренос на Говорниот сигнал преку Интернет Мрежата (‘VoIP’). Кога одлуката за ограничување или укинување на услугата ќе стапи на сила според одредбите во овој член, Вие можеби ќе добиете порака со содржина дека веб порталот или услугата “не Ви е достапна”.

6. Заштита на податоци

6.1 Лајкамобајл има право да ги собира, обработува и чува вашите Лични податоци во согласност со важечките законски и подзаконски акти, како и според направените измени во истите коишто се спроведуваат од време на време.

6.2 Лајкамобајл ќе превземе соодветни технички и организациони мерки за заштита на доверливоста на податоците на Претплатникот од неовластен пристап, уништување, обработка, чување или случајно бришење од страна на трети неовластени лица согласно применливите одредби од Законот за заштита на личните податоци.

6.3 Со регистрација или активација на Сметка кај Лајкамобајл, Вие ја давате вашата согласност, Лајкамобајл да ги собира, обработува и споделува Личните податоци дадени од ваша страна или собрани за да Ви бидат обезбедени Услугите, вклучувајќи ги повиците, пораките или податоците што ги имате испратено (“Traffic Data”) како и географската локација на вашиот GSM мобилен телефон (“Location Data”) со цел да:
Ви ги обезбеди Производите и Услугите,
овозможи управување со вашата Сметка од страна на Центарот за грижа на корисници,
обезбеди информации за Услугите, на пример, во однос на нарушувањата во Мрежата,
спречи или открие постоење на измама,
го истражи пазарот и да креира профил со вашите услужни и купувачки дејности како и да ги усогласи со важечките законски акти и регулативи.

6.4 Со цел Лајкамобајл да ги спроведе своите обврски предвидени со овој Договор, компанијата можеби ќе треба да ги приложи вашите Лични податоци на други компании коишто ќе ги обработат вашите Лични Податоци во името на Лајкамобајл. Овие трети страни имаат дозвола да ги користат податоците само во согласност со нашите инструкции и законски акти.

6.5 Лајкамобајл исто така можеби ќе треба да ги префрли вашите Лични Податоци на трети страни, на пример, нашите добавувачи и сервис провајдери, во земјите коишто се наоѓаат во и надвор од Европската Економска Зона. На пример, Лајкамобајл ги користи кол центрите и техничката поддршка од компанија со седиште во Индија. Во оние земји кадешто законот за заштита и приватност на податоците се разликува од оној во Македонија, ние ќе ги превземеме потребните мерки за да се осигураме дека законот за заштита на личните податоци ево согласност со барањата на македонските законски акти, вклучувајќи ги барањата за исполнување на соодветни технички и безбедносни мерки од трети страни,изложени во спогодбениот договор меѓу нас, за да се заштитат вашите Лични Податоци; како и контрола на она што е договорено со соодветни технички мерки за времетраењето на соработката со трети страни.

6.6 Лајкамобајл има право да ги контролира или снима вашите разговори со центарот за грижа на корисници. Ова се спроведува поради контрола на квалитетот, со цел подобрување на Услугите, како и да се осигури усогласување со барањата на владините, регулаторни или извршни тела за откривање на измами.

6.7 Лајкамобајл, согласно важечките акти и регулативи, е должен да ви обезбеди копија со вашите Лични Податоци чувани од Лајкамобајл по ваше писмено барање. Вие сте должни да го известите Лајкамобајл за било какви промени во Личните Податоци доставени до Лајкамобајл од ваша страна. Исто така, можете да побарате исправка на било какви неточни информации. Согласно важечките законски акти и одредби, Лајкамобајл ќе ги избрише Личните Податоци по ваше писмено барање.

6.8 Лајкамобајл и останатите Lyca компании, имат право да ве контактираат по пошта, телефон, електронска пошта или со испраќање на СМС за да веизвестат за производите и Услугите коишто се понудени од Лајкамобајл, другите Lyca компании или одредени трети страни, вклучувајќи известувања за специјални понуди и промоции, коишто би биле од ваш интерес. Доколку не сакате да добивате информации од овој тип или пак да бидете контактирани на овој начин, Вие имате право, во било кое време, бесплатно, да се откажете од овој вид на директен маркетинг со поднесување на барање да бидете ставени на посебно означена листа. Вие можете да го поднесете барањето контактирајќи го Центарот за грижа на Корисници или со испраќање на e-mail na:unsubscribe@lycamobile.mk.

7. ОДГОВОРНОСТ НА ЛАЈКАМОБАЈЛ

7.1 Лајкамобајл не превзема одговорност кога станува збор за испораката, квалитетот и користењето на производите и Услугитеосвен за она што е наведено во овој Договор.

7.2 Лајкамобајл не превзема одговорност за штетата или непријатноста предизвикана од Ваша страна којашто произлегува од содржината на било кој остварен повик, испратена порака или податоци испратени или примени од Вас.

7.3 Лајкамобајл не превзема одговорност за штетата или непријатноста предизвикана од Ваша страна којашто произлегува од вклучување на трета страна, вклучувајќи ги владините, правосудните или административни тела.

7.4 Лајкамобајл не превзема одговорност за штетата или непријатноста предизвикана од Ваша страна кадешто штетата или непријатноста е индиректна или пак не може разумно да се предвиди од наша страна како акт на кршење; ниту пак во случај кога нашата грешка не е ни приближно толку голема колку што вие сте допринеле за настанувањето на штетата или непријатноста.

7.5 Во случај на гу6ење или краж6а на СИМ картичката, или нејзино недозволено или несоодветно користење од друг субјект, Вие сте должни веднаш да го известите Центарot за грижа на кориснициот. Лајкамобајл веднаш ќе изврши исклучување на вашата СИМ картичка. Доколку не успеете навремено да го известите Центарот за грижа на корисници, Вие ќе ја сносите одговорноста за сите трошоци во врска со СИМ картичката се додека не добиеме известување, без разлика на тоа дали вие сте ги направиле трошоците или некоја трета страна.

7.6 Лајкамобајл не превзема одговорност за неуспехот на било кое малопродажно место при извршувањето на соодветна активација на вашата СИМ картичка или Top-Up Ваучер или за било каков процес на наплата. Во ваков случај, треба да стапите во контакт со малопродажното место од кадешто сте ја купиле СИМ картичката или Top-Up Ваучерот и да побарате рефундирање на паричните средства.

7.7 Се советува дека е незаконски да се ракува со мобилен телефон додека управувате со возило, како и да знаете да го препознаете присутниот ризик во случај на ракување со мобилен телефон додека управувате со возило. Лајкамобајл не превзема одговорност за штетата или непријатноста предзивикана од вас и којашто произлегува како резултат на било каква несреќа предизвикана поради ракување со мобилен телефон додека управувате со возило.

7.8 Со овој Договор не се иззема ниту ограничува одговорноста на било која од засегнатите страни во случај на смрт или лична повреда настаната поради занемарување на една од страните, потоа одговорноста којашто произлегува од Македонската легислатива за заштита на потрошувачите или онаа што настанува како последица од намерно непристојно однесување, измама, грубо запоставување на една од страните или било која друга одговорност којашто не може да се изземе или ограничи со применување на законот.

7.9 Одговорноста на Лајкамобајл кон вас, како и вашата одговорност кон Лајкамобајл согласно овој Договор ќе се ограничи на вкупен износ од максимална сума од £1,000.00 во денарска противвредност по единечна жалба или серија од последователни жалби.

7.10 Доколку настане штета, губење или непријатност, вие сте должни веднаш да го известите центарот за грижа на корисници со писмена жалба и најдоцна (4) недели по поднесување на барање од ваша страна. Штетата, губењето или непријатноста коишто нема да бидат пријавени со доставување на писмена жалба до Центарот за Грижа на Корисници во рок од (4) дена нема да биде надокнадена. Периодот од (4) недели нема да биде валиден доколку ги користите Услугите како физичко лице (а не во комбинација со трговија или бизнис) и доколку не се очекувало од вас да го известите центарот за Грижа на Корисници во овој период.

7.11 Лајкамобајл не превзема одговорност за штетата, губењето или непријатноста предизвикана од ваша страна, и нема да се смета одговорна за да обезбеди производи и Услуги како последица на било која причина вон контрола на Лајкамобајл, вклучувајќи ја, но не ограничувајќи се на Виша Сила, природни катастрофи, индустриски активности, војна (пријавена или непријавена), граѓански немири или акт на тероризам, одлуки на владините или локални власти или регулаторни тела, или било кој акт или одлука донесена од суд или компетентна судска надлежност. Овие причини се исто така познати како “force majeure”.

8. ИЗМЕНИ ВО ДОГОВОРОТ

8.1 Лајкамобајл го задржува правото да ги измени овие општи услови поради причини од правна или регулаторна природа. исто така можеби ќе биде потребно да се изменат овие услови поради измени направени од страна на нашите добавувачи на Мрежа или поради други технички или комерцијални причини, како што се измените на нашите Производи и Услуги. Ние исто така можеме да ги измениме Ценовниците или да воведеме нови Ценовници. Измените на Ценовниците ќе бидат прикажани во нашата табела за тарифирање од време не време.

8.2 Доколку измената предизвика материјална штета за Вас, Лајкамобајл ќе ви достави известување најмалку еден месец однапред. Доколку Вие не ја прифаќате измената којашто според известувањето ќе ви предизвика материјална штета, во тој случај вие можете да го раскинете овој Договор или пак можете да престанете да ги користите Услугите и да престанете да ја надополнувате вашата Сметка.Доколку продолжите со користење на Услугите или не прекинете со надополнување на Сметката, во тој случај, обрзани сте да ја прифатите измената.

8.3 Ве молиме редовно проверувајте ја нашата веб страница за било какви измени. Ние исто така можеме да ве известиме за измените со огласување на реклами во националните медиуми, по електронска пошта, по поштенски пат, преку текстуална порака или преку друг вид на средства за информирање. Ние исто така можеме да поставиме снимена порака на телефонскиот број за нашиот Центар за грижа на корисници.

9. ОПШТИ ОДРЕДБИ

9.1 Доколку имате жалба или барање во однос на Производите и Услугите можете да го контактирате центарот за грижа на корисници на начин појаснет во клаузулата 1.6 од овој Договор..

9.2 Овој Договор, го претставува целокупниот договор помеѓу Лајкамобајл и Вас во однос на Производите и Услугите. Го завзема приматот пред сите други претходни договори (во писмена или усмена форма), како и сите други репрезентации и начини на комуникација помеѓу Лајкамобајл и Вас. Малопродажните места не се авторизирани од наша страна за било какви дополнувања на овој Договор ниту пак за давање согласност за било какви услови коишто не се во согласност со општите услови.

9.3 Ниту една одредба од овој Договор не може да биде извршувана од трета страна (субјект којшто не е засегната страна во овој Договор).

9.4 Неуспех или одложување или од страна на Лајкамобајл или од страна на Клиентот/Корисникот за воведување на било кое право согласно овој Договор нема да го попречи Лајкамобајл или Клиентот/Корисникот (како што може да биде случајот) да превземе понатамошни мерки.

9.5 Доколку било кој услов, од овој Договор, се утврди дека е делумно или целосно невачки или незаконски од страна на било кој суд или компетентно правосудно тело како резултат на законската легислатива, ќе се смета за неважечки и незаконски само во тие размери. Важноста и применливоста на останатите услови нема да биде засегната.

9.6 Лајкамобајл има право да ги пренесе сите свои права и обврски согласно овој Договор на трета страна. Во таков случај, Лајкамобајл соодветно ќе ве извести во врска со таквиот пренос. Вие имате право да ги препишете сите ваши права и обврски согласно овој Договор на трета страна со писмена согласност од Лајкамобајл.

9.7 Овој Договор е во согласност со Македонското законодавство и споровите ќе бидат разрешувани од надлежните судови во Македонија согласно правните прописи важечки во Р.Македонија.

10. ПРАВО ДА СЕ ВНИМАВА

10.1 ПРОВЕРКА НА КРЕДИТОСПОСОБНОСТ- Не е потребна.

10.2 РОАМИНГ- Доколку патувате надвор од државата, се применуваат стандардните цени за Роаминг Услуги.

10.3 ОДНАПРЕД ОПРЕДЕЛЕН ТРОШОК: Нема однапред определени трошоци при купување само на СИМ картичка. Услуги УслугиУслуги

10.4 РЕФУНДИРАЊЕ- Ние нема да ги рефундираме средствата ОСВЕН во случаи основани на засновани поплаки од Корисникот за неточно процесирање на податоците кое води до зголемени плаќања за понудената Услуга, со додаден законска казнена камата.

11. УРЕДИ

11.1 Оваа Клаузула бр.11 се применува само доколку уредот е купен кај нас.

11.2 Ценовникот за уредите детално е прикажан на https://www.lycamobile.mk/mk/. Наплатата се спроведува во готово или со дебитна или кредитна картичка во моментот кога се купува уредот.

11.3 Секој уред испорачан од наша страна претставува ваша одговорност. Откако ќе го примите и ќе платите за уредот, тој станува ваша сопственост. Ова не влијае врз спроведувањето на вашите права дадени во 11.4-11.6 подолу.

11.4 Враќањето или рефундирањето на уреди купени од нас с спроведува во согласност со Правилникот за Повраќање. Доколку се предомислите имате право да го вратите уредот и да добиете целосно повраќање на парите во рок од 14 работни дена од датумот на испорака доколку уредот не е отворан или доколку уредот не работи или е со фабричка грешка вие можете да го вратите и замените со нов, или да го оставите на поправка, или пак да ви бидат целосно рефундирани парите во рок од 14 календарски денаоткако сте го земале уредот.

11.5 Доколку имате право да ги повратите парите, целосно ќе ви биде исплатена сумата којашто сте ја платиле за уредот откако ќе го добиеме истиот од вас, без никакви трошоци (како што е назначено во Правилникот за Повраќање). Рефундирањето на парите ќе биде направено од страна на Лајкамобајл.

11.6 Ние ќе ги сносиме трошоците само за поштарината, доколку телефонот пристигне расипан или со грешка. Во тој случај ние ќе испратиме припејд писмо до Клиентот. Вие ја превземате одговорноста да го вратите уредот со неговите оригинални делови, додатоци, бесплатни подароци и оригиналната опаковка. Ние го задржуваме правото да не ги прифатиме вратените и поправани уреди доколку процедурата не е спроведена на соодветен начин. Доколку вие ги сносите трошоците при враќање на уредот, ние ви препорачуваме да вклучите и осигурување на уредот со поштарината бидејќи ние нема да превземеме одговорност за уредите коишто ќе се оштетат при транспорт или ќе се загубат.

11.7 Доколку кај уредот се појави грешка по истекот на 14 дена откако истиот ви бил испорачан, во тој случај треба веднаш да резервирате поправка. Поправката ќе ви биде наплатена доколку гаранцијата за уредот не е повеќе валидна.

11.8 Ние ќе ги прифатиме трошоците за Поштарина само доколку уредот е расипан или е со грешка. Во тој случај ние ќе испратиме припејд писмо до Клиентот. Вие ја превземате одговорноста да го вратите уредот со неговите оригинални делови, додатоци, бесплатни подароци и оригиналната опаковка. Ние го задржуваме правото да не ги прифатиме вратените и поправани уреди доколку процедурата не е спроведена на соодветен начин. Доколку вие ги сносите трошоците при враќање на уредот, ние ви препорачуваме да вклучите и осигурување на уредот со поштарината бидејќи ние нема да превземеме одговорност за уредите коишто ќе се оштетат при транспорт или ќе се загубат.

11.9 Центар за грижа на корисници: Се однесува на одделот за грижа на корисници на Лајкамобајл којшто можете да го контактирате за било какви прашања во врска со Производите и Услугите. Вие можете да стапите во контакт со Центарот за грижа на корисници на неколку начини: за нарачки направени за време на викенд или за време на државен празник ќе биде потребен најмалку уште еден дополнителен работен ден за да бидат испорачани (за повеќето поштенски броеви, нарачките направени во сабота или недела вообичаено се испорачуваат во вторник); било кој вид на непредвидени недостаток на стоки. Доколку се случи ова, ние ќе ве известиме за било какво одложување; одредени далечни поштенски броеви бараат дополнително време за испорака; и доколку не можеме веднаш да обезбедиме клиренс за наплата на вашата нарачка. Безбедноста на нашите клиенти е најважна па затоа овие проверки се од основно значење во справувањето со недозволеното користење на личните податоци од нашите клиенти.

11.10 Нарачки за уреди нема да се прифаќаат доколку се примени надвор од Република Македонија.

11.11 И покрај нашите најдобри напори, може да случи нашите производи во онлајн продавницата да имаат неточна цена и оттука ние не можеме да ја потврдиме цената на производот додека не се прифати и одобри вашата нарачка. Понатаму, детали можат да бидат обновени од време на време и истите се подложни на промена. Доколку откриеме грешка во цените, или доколку има промена во цените пред испораката, ние ќе стапиме во контакт со вас за да ја потврдиме уште еднаш нарачката по точна цена. Доколку не успееме да стапиме во контакт со вас во одреден временски период, ние имаме право да ја откажеме нарачката и да ве известиме за откажувањето на истата. ДДВ се пресметува онаму кадешто може да се примени, освен доколку не е наведено поинаку.

11.12 Вие мора да се осигурате дека сте направиле проверка на сите релевантни детали во врска со одбраните производи и/или Услуги пред да ја направите нарачката. Сите производи и Услуги коишто се рекламираат се подложни на достапност.

11.13 Информациите достапни на https://www.lycamobile.mk/mk ,заедно со цените, не ја сочинуваат понудата за склучување на купопродажен договор и ниту ние, ниту трети страни коишто нудат Услуги преку https://lycamobile.mk/mk се обврзани да ги прифатат вашите нарачки. Доколку ги прифатиме, потврдата ќе ја добиете по електронска пошта (на емајл адресата доставена од ваша страна кога нарачката била направена) и со нашата испорака на Уредот до вас. Доколку производите се испраќаат одделно, нашата потврда ќе се однесува само на оние производи коишто всушност биле испорачани.

11.14 Доколку ја откажете вашата нарачка и го вратите уредот во согласност со Правилникот за Повраќање, вие исто така имате право на целосна исплата доколку вашиот пакет не бил искористен. Доколку било кој дел од пакетот бил искористен ние ќе ја одземеме цената на пакетот од вкупните трошоци за вашиот уред. Ништо од овие општи правила и услови, Корисничкото Упатство кое е придружен елемент на СИМ картичката, или Ценовникот објавен од Лајкамобајл повремено, не влијаат на вашите законски права. Сите прашања кои не се покриени со одредбите од овие општи правила и услови, Корисничкото Упатсво кое е придружен елемент на СИМ картичката, или Ценовникот објавен од Лајкамобајл повремено, ќе се решат со директна примена на релевантниот законска регулатива применливa во Република Македонија.

Услуги на Lyca Групацијата